• среда, 04 февруари 2026

Најмалку девет лица загинаа во израелски напади во Газа, вклучувајќи три деца

Најмалку девет лица загинаа во израелски напади во Газа, вклучувајќи три деца

Газа, 4 февруари 2026 (МИА) - Најмалку девет лица, вклучувајќи три деца, беа убиени во ноќните израелски напади откако вооружени лица нападнаа израелски војници.

Шест лица беа убиени во северниот дел на Појасот Газа, објави „Тајмс оф Израел“.

Во источната населба Туфа, во артилериското гранатирање на ИДФ загинаа три лица, вклучувајќи две деца, на возраст од 16 и 12 години. Во населбата Зејтун, во напад загинаа три лица, вклучувајќи и петмесечно бебе. Уште три лица беа убиени во напади во Кан Јунис во јужна Газа, според палестинските извештаи.

Израелските одбранбени сили соопштија дека извршиле тенковски гранатирања и воздушни напади во северна Газа како одговор на нападот врз војниците, при што еден офицер беше сериозно повреден.

ИДФ објави дека се очекуваат понатамошни напади врз Хамас, тврдејќи дека палестинската милитантна група го прекршила прекинот на огнот што стапи на сила во октомври. мс/јт/

фото: ЕПА архива

Остани поврзан