• понеделник, 23 декември 2024

Иран егзекутира двајца мажи осудени за убиство на полицаец

Иран егзекутира двајца мажи осудени за убиство на полицаец

Техеран, 13 јули 2023 (МИА) - Иранските власти егзекутираа двајца мажи осудени за убиство на полицаец во провинцијата Исфахан.

Службеникот на судот во Исфахан, Месуд Месудифер, рече дека двајца мажи, Каиди Несеб и Мухамеди Берам, биле прогласени за виновни за убиство на полицаецот Ехсан Насири во областа Лењан во Исфахан во ноември 2021 година.

Тој рече дека осудените и претходно и биле познати на полицијата за кражби и нарушување на јавниот ред и мир.

Институтот за човекови права (ИЧП) во извештајот наведува дека минатата година Иран го зголемил бројот на егзекуции за 75 отсто во споредба со претходната година.

ИЧП и париската организација „Заедно против смртната казна“ проценуваат дека во 2022 година во Иран биле извршени 582 егзекуции, што е најголем број од 2015 година. паг/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан