• вторник, 15 октомври 2024

Иран ги прекина индиректните преговори со САД поради „посебната ситуација во регионот“

Иран ги прекина индиректните преговори со САД поради „посебната ситуација во регионот“

Техеран, 14 октомври 2024 (МИА) – Шефот на иранската дипломатија Абас Аракчи денеска објави дека Иран ги прекинал индиректните пораки со САД поради „посебната ситуација во регионот“, јави ДПА.

-Не гледаме основа за разговори додека не ја надминеме сегашната криза. Идните одлуки дали процесот на преговори да се реактивира ќе бидат донесени по дополнителна проценка, рече Аракчи во Мускат, Оман, каде што разговара со тамошните официјални лица за тековните израелски злосторства во Палестина и Либан.

Оман во минатото посредуваше меѓу Иран и Западот, но оваа опција нема да се користи во сегашноста, рече Арагчи, пренесе германската агенција.

-Во моментов не гледаме никаков контекст за овие разговори додека не ја надминеме сегашната криза, рече тој.

„Ние не сакаме војна или конфликт, дури и ако сме целосно подготвени за тоа“, јави ИРНА, рече Арагчи.

Со зголемувањето на тензиите на Блискиот Исток, набљудувачите стравуваат дека војната меѓу Иран и Израел станува се поверојатна.

Пред речиси две недели, иранскиот Корпус на исламската револуција гарда лансираше околу 200 балистички ракети кон Израел. Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вети дека ќе возврати.

Првиот човек на иранската дипломатија додаде дека за време на посетата на Оман ги презентирал ставовите на Иран кои ќе ги пренесе на сите релевантни земји, вклучително и САД и европските земји, додаде ДПА. сд/

фото:МИА архива

 

Остани поврзан