• петок, 22 ноември 2024

Иран ги повика Русија и Кина да се спротивстават на притисокот на Вашингтон за санкциите

Иран ги повика Русија и Кина да се спротивстават на притисокот на Вашингтон за санкциите
Техеран, 10 јуни 2020 (МИА) - Иран ги повика Русија и Кина да се спротивстават на притисокот на Вашингтон за продолжување на санкциите за оружјето наметнато од ООН на земјата во 2015 година, што ќе истече во октомври според Договорот за нуклеарно оружје. Како што пренесуваат странските агенции, администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп врши притисок врз Обединетите нации за продолжување и затегнување на санкциите наметнати кон Иран. Соединетите Американски Држави предупредуваат дека укинувањето на санкциите ќе му овозможи на Иран да набави оружје кое може да поттикне конфликти на Блискиот исток. Во телевизиско обраќање до јавноста, иранскиот претседател Хасан Рохани истакна дека САД ќе го постават прашањето на состанокот на Советот за безбедност на ОН и дека Иран сака четири постојани членки на телото да се спротивстават на САД и нивниот заговор против Иран, особено Русија и Кина. Рохани предупреди дека САД нема да успеат во својата намера и дека Иран ќе ги зголеми своите одбранбени способности, во кои успеа дури и под ембарго. Вашингтон се закани дека ќе ги врати сите санкции на ООН наметнати на Иран доколку Советот за безбедност не го продолжи ембаргото, на што се спротивставија Русија и Кина, две од шесте земји потписнички на Договорот за нуклеарно оружје. паг/

Остани поврзан