Иранскиот министер за надворешни работи во посета на Саудиска Арабија „за да го запре израелскиот геноцид“
- Иранското Министерство за надворешни работи соопшти дека највисокиот дипломат на Техеран, Абас Арагчи, денеска попладне ќе пристигне во Саудиска Арабија каде ќе се фокусира на запирање на војната што се проширува.
Техеран, 9 октомври 2024 (МИА) – Иранското Министерство за надворешни работи соопшти дека највисокиот дипломат на Техеран, Абас Арагчи, денеска попладне ќе пристигне во Саудиска Арабија каде ќе се фокусира на запирање на војната што се проширува.
Целта е понатамошни дипломатски напори „за да се запре геноцидот и агресијата на израелскиот режим и да се ублажат болките и страдањата на нашите браќа и сестри во Газа и Либан“, напиша портпаролот на иранското МНР Есмаил Багаи на X.
– Мора да се запре масакрот и агресијата, додаде тој. јт/
Фото: МИА архива