Во Одеса и регионот прогласена тревога
- Во украинскиот град Одеса и регионот повторно е прогласена тревога поради извидувачки дрон во близина на градот, објави градоначалникот Генадиј Труханов на Телеграм.

Одеса, 20 декември 2024 (МИА) - Во украинскиот град Одеса и регионот повторно е прогласена тревога поради извидувачки дрон во близина на градот, објави градоначалникот Генадиј Труханов на Телеграм.
-Постои голема закана од ракетен напад, се вели во неговата порака.
Извидувачкиот дрон моментално се наоѓа меѓу двата украински града на Црното Море - Одеса и Черноморск, објавија локалните канали на Телеграм.
Локалните власти ги повикуваат сите граѓани да се засолнат во засолништата за бомби додека не прекине алармот. мс/
фото: МИА архива