• понеделник, 25 ноември 2024

Иранската морнарица разви софистицирани крстосувачки ракети

Иранската морнарица разви софистицирани крстосувачки ракети

Техеран, 24 декември 2023 (МИА) - Иранската морнарица додаде софистицирани крстосувачки ракети од домашно производство во својот арсенал, објави иранската државна телевизија.

Крстосувачките проектили Талаије пристигнаа денеска во поморска база во близина на Индискиот Океан, во јужното иранско пристаниште Конарак, на околу 1.400 километри југоисточно од главниот град Техеран, пренесува Ал Џезира.

Командантот на морнарицата, адмирал Шахрам Ирани, рече дека Талаије има дострел од повеќе од 1.000 километри и го нарече „целосно паметна ракета“.

Ирани рече дека оваа крстосувачка ракета е способна да ја промени целта за време на летот. Тој истакна дека втората ракета „Насир“ има дострел од 100 километри и може да се инсталира на воени бродови. ссм/

фото: Пиксабеј

Остани поврзан