Цел Ирак без струја
- Ирачкото министерство за енергетика објави дека целата земја моментално е погодена од целосен прекин на електричната енергија, без да ја наведе причината.
Багдад, 4 март 2026 (МИА) - Ирачкото министерство за енергетика објави дека целата земја моментално е погодена од целосен прекин на електричната енергија, без да ја наведе причината.
„Електричната мрежа е целосно исклучена во сите ирачки провинции“, соопшти министерството, според ирачките медиуми.
Додаде дека се утврдува причината за прекинот на електричната енергија и дека е започната реставрацијата на електраните и далноводите.
Делови од земјата постојано се напаѓани од почетокот на војната меѓу Израел, САД и Иран. мс/
фото: Принтскрин „Х“