• вторник, 23 април 2024

Информативна сесија по повод стратегијата за развој на културата и културното образование во Кисела Вода

Информативна сесија по повод стратегијата за развој на културата и културното образование во Кисела Вода

Скопје, 16 февруари 2023 (МИА) - Во Дом на културата „Билјана Беличанец“ во Кисела Вода, денеска со почеток во 10:45 часот ќе се одржи информативна сесија по повод стратегијата за развој на културата и културното образование.

Како што информираат од општината, преку стручна анализа која била спроведена минатата година, раководството пред стручната јавност и културните работници ќе ја презентира предлог „Стратегија за развој на културата 2023+“.

- Општина Кисела Вода ги поканува сите локални уметници, здруженија и организации кои работат во оваа сфера, да бидат дел од оваа информативна сесија на која ќе се презентира и дискутира и новиот конкурс за култура, стои во соопштението од општината. вг/

Остани поврзан