• сабота, 27 јули 2024

Инфлацијата во Швајцарија во февруари се намали 1,2 отсто и е најниска од октомври 2021 година.

Инфлацијата во Швајцарија во февруари се намали 1,2 отсто и е најниска од октомври 2021 година.

Берн, 4 март 2024 (МИА) - Годишната стапка на инфлацијата во Швајцарија се намали од 1,3 отсто во февруари на 1,2 отсто во јануари и е најниска од октомври 2021 година, објави денеска швајцарскиот Сојузен завод за статистика на својата веб-страница.

Цените на храната и на безалкохолните пијалоци во февруари се зголемија за 0,8 отсто на годишно ниво, забавувајќи во однос на јануарските 2,3 отсто. Услугите во рестораните и хотелите поскапеле за 2,1 отсто на годишно ниво, рекреацијата и културата за 1,7 отсто, алкохолните пијалоци и тутунот за 0,6 отсто, но во сите споменати случаи растот на цените бил побавен во однос на јануари.

Наспроти тоа, цените за домување и енергија се зголемени за 3,1 отсто, што претставува забрзување во однос на јануарските 2,5 отсто.

Годишната стапка на базичната инфлација во Швајцарија падна во февруари од 1,2 отсто во јануари на 1,1 отсто. На месечно ниво, инфлацијата во Швајцарија се зголеми за 0,6 отсто. рп/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан