• недела, 22 декември 2024

Инфантино го осуди претепувањето на судијата на натпреварот во Турција

Инфантино го осуди претепувањето на судијата на натпреварот во Турција

Цирих, 12 декември 2023 (МИА) - Претседателот на Светската фудбалска асоцијација (ФИФА) Џани Инфантино го осуди инцидентот по натпреварот од 15. коло на турското првенство меѓу Анкарагучу и Ризеспор (1:1).

На крајот на натпреварот, претседателот на Анкарагучу, Фарук Коце, го удри во лице судијата Халил Умут Мелер, поради што судијата падна на земја и беше клоцан.

- Во фудбалот нема место за насилство, ниту на теренот, ниту надвор од него. Настаните кои се случија по натпреварот помеѓу Анкарагучу и Ризеспор се целосно неприфатливи и немаат место во нашиот спорт или општество. Без официјални лица од натпреварот нема фудбал. Судиите, играчите, навивачите и персоналот на тимот мора да бидат безбедни за да уживаат во играта и ги повикувам надлежните органи да обезбедат строго почитување на ова барање на сите нивоа, напиша Инфантино на своите социјални мрежи.

Денес се дозна дека претседателот на Анкарагучу е уапсен. Претходно во Турција рекоа дека на Коча, функционер кој го претепа судијата, му се заканува доживотна забрана за вржење функција во фудбалот.

Поради инцидентот, на неодредено време се прекинати фудбалските натпревари во сите лиги во земјата. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан