• петок, 16 мај 2025

Интер го постигна најбрзиот гол во полуфиналето во Лигата на шампиони

Интер го постигна најбрзиот гол во полуфиналето во Лигата на шампиони

 

Барселона, 30 април 2025 (МИА) – Фудбалерите на Интер вечерва на гостувањето во Барселона испишаа историја во Лигата на шампиони, постигнувајќи го најбрзиот гол во полуфиналната серија.

Интер дојде во водство на дуелот против Барселона со голот на Турам во 30 секунда.

Најбрзиот гол во историјата на Лигата на шампиони останува во сопственост на Рој Макај.

Поранешниот холандски репрезентативец во дресот на Баерн Минхен постигна гол по само 10 секунди и 12 стотинки на 7 март 2007 година во реваншот од осминафиналето против Реал Мадрид. ег

ФОТО: УЕФА/Фејсбук

Остани поврзан