• среда, 15 мај 2024

Интер го доби првото судење против Интер Мајами заради името

Интер го доби првото судење против Интер Мајами заради името
Вашингтон, 11 февруари 2020 (МИА) - Интер Мајами, клубот чиј сопственик е поранешниот англиски фудбалер Дејвид Бекам, можеби ќе треба да го сменат своето име. Италијанскиот Интер го обжали користењето на името од страна на американскиот Интер Мајами во 2018 година кога беше претставено името и амблемот на клубот Флорида. Трговската марка Интер беше регистрирана од „неро-азурите“ во САД во 2014 година. Поради карактеристиките на правната структура на американската МЛС лига, Интер не го тужи клубот, туку лигата. Првата фаза заврши со победа на миланскиот клуб на суд.  МЛС не можеше да го докаже своето право на името, иако се обидоа да се осврнат на фактот дека неколку клубови во светот го користат Интер во името. зс/

Остани поврзан