• петок, 29 март 2024

Интернет страницата на Собранието во функција за домашните корисници

Интернет страницата на Собранието во функција за домашните корисници

Скопје, 25 март 2023 (МИА) - Интернет страницата на Собранието е вратена во функција и е достапна за домашните корисни,  соопшти попладнево собраниската пред служба, појаснувајќи дека страницата не била функционална поради напад од надвор од повеќе конекции. 

-Согласно информациите од стручните лица надлежни за ИКТ станува збор за напад од надвор (flood attack), односно напад од повеќе конекции, чија последица е недостапност на интернет страницата. Во моментов оневозможен е пристап до страницата од странски адреси но е достапна за домашните корисници. Во меѓувреме, надлежните службеници ќе ја следат состојбата и штом се констатира дека е безбедно, пристапот за корисниците од странство ќе биде овозможен, наведува во соопштение прес-службата на Собранието.лв/фф/

фото МИА архива и принт скрин

Остани поврзан