• среда, 15 мај 2024

Ларсон Џаин за МИА: Северна Македонија мора да се справи со корупцијата и клиентелизмот

Ларсон Џаин за МИА: Северна Македонија мора да се справи со корупцијата и клиентелизмот

Скопје, 8 март 2023 (МИА) - Шведската амбасадорка во Северна Македонија Ами Ларсон Џаин, чија земја е актуелен претседавач со ЕУ, во интервју за МИА порачува дека коурпцијата е корозивна за општеството и оти земјава мора да се справи со неа и со клиентелизмот за да го спречи одливот на талентирани млади Македонци.

-Опсежните реформи се навистина клучни за подготовка на земјата за членство во ЕУ. Реформите се однесуваат на законодавството, но и на имплементацијата и ефективното спроведување на законите. Без ова, земјата едноставно нема да биде подготвена да влезе во најнапредната економска и политичка заедница во светот. Тоа ќе биде трансформативен процес и ќе бара напорна работа и решителност, но реформите ќе имаат корист и за граѓаните на Северна Македонија, вели Ларсон Џаин во интервју за МИА.

Таа нагласи дека и ЕУ беше многу јасна во однос на тоа дека  треба се даде предност на владеењето на правото и тоа да се постави во центарот на реформската агенда.

-Корупцијата ја ослабува демократијата преку поткопување на довербата во институциите. Тоа го загрозува функционирањето на економијата и ја нарушува конкуренцијата. Граѓаните и бизнисите губат – губи и општеството во целина, децидна е шведската амбасадорка.

Во однос на уставните измени, таа вели тие остануваат суверена одлука што треба да ја донесе Северна Македонија, потсетувајќи дека многу земји-членки на ЕУ морале да направат компромиси за билатерални прашања со цел да ги решат прашањата кои инаку би ја попречиле соработката во Унијата. 

Целото интервју со амбасадорката на Шведска во Северна Македонија, Ами Ларсон Џаин, МИА ќе го објави утре. нд/ац/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан