• среда, 02 октомври 2024

Интензивни градежни активности  на просторот околу Спомен Костурницата од НОВ во Велес

Интензивни градежни активности  на просторот околу Спомен Костурницата од НОВ во Велес

Велес,16 септември 2024 (МИА) - Деновиве интензивно  се одвиваат градежни зафати за реконструкција на просторот околу Спомен Костурницата од НОВ во Велес. Се средуваат патеките за одење и потпорните ѕидови на паркот, а каде потоа во соработка со ЈКП„Дервен“  ќе се уредат нови цветни аранжмани, информира градоначалникот Марко Колев.

-Со уредување на овој простор граѓаните од овој дел на градот ќе добијат модерно катче за одмор и релаксација, потенцира Колев.

Воедно ќе се подообри и изгледот на паркот на  Спомен костурницата од НОВ каде почиваат стотина борци од Велес и велешко меѓу кои и Коста Солев Рацин,  а која е една од најпосетуваните знаменитости на Велес од страна на домашни и странски туристи. ад/дма/

 
Фото: Општина Велес 

vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан