• четврток, 04 јули 2024

Инсталирани фото напонски панели на Специјализираната болница за нефрологија Струга

Инсталирани фото напонски панели на Специјализираната болница за нефрологија Струга

Струга, 6 јуни 2024 (МИА) - Седумдесет и два фото напонски панели со јачина од по 550 W се поставени на покривот на ЈЗУ Специјализирана болница за нефрологија - Струга во рамки на проектот „Реконструкција на ЈЗУ Нефрологија Струга и креирање на услови за здравствен туризам во ЈЗПР“, што го реализира Центарот за развој на Југозападен плански регион.

Покрај соларни панели, како што информира Центарот за развој на Југозападен планси регион, поставен е и инвертер со снага од 40kW. Вредноста на проектот изнесува 1,4 милиони денари.

- Со ова активност ќе се овозможи намалување на трошоците за електрична енергија во здравствената институција, а истовремено и намалување на загадувањето на животната средина, посочува Центарот за развој на Југозападен планси плански регион.

Проектот „Реконструкција на ЈЗУ Нефрологија Струга и креирање на услови за здравствен туризам во ЈЗПР“, е подржан од Швајцарската агенција за развој и соработка, Министерство за локална самоуправа, со кофинансирање од ЈЗУ Нефрологија Струга. сс/мд/

Фото: Центар за развој на Југозападен планси регион

Остани поврзан