• понеделник, 15 јули 2024

„Иницијатива 50 проценти родова еднаквост “: Жените знаат и умеат да креираат политики за подобра држава 

„Иницијатива 50 проценти родова еднаквост “: Жените знаат и умеат да креираат политики за подобра држава 
Скопје, 4 јули 2021 (МИА) - Жените знаат и умеат да креираат политики за подобра држава, а регионална соработка на жените од политиката придонесува за нивна поголема застапеност на национално и локално ниво. Ова е заклучено на конференцијата на Иницијативата 50 проценти родова еднаквост што се одржа викендов во Охрид, во организација на Либералниот Институт Скопје и Фондација Борис Дивковиќ од Босна и Херцеговина. - Оваа конференција ја организираме за прв пат во нашата земја се со цел да покажеме дека во регионот може да соработуваме и да ги негуваме либералните вредности. Жените треба максимално да се поддржуваат една со друга, а мажите треба да ги охрабрат, треба да негуваме квалитет пред квантитет, истакна Санда Крекиќ, извршна директорка на Либерален Институт Скопје. Според Моника Зајкова, пратеничка и потпретседателка на ЛДП, родовата еднaквост е тема на која треба постојано гласно да се говори. -Како жени во политиката од Регионот освен што треба да креираме и поднесуваме иницијативи, треба и заедно на терен да работиме на нивна целосна имплементација. Родовата еднaквост е тема на која треба постојано да потсетуваме и гласно да говориме. Очекувам поголема вклученост на жените во креирање на локалните политики. Жените овде знаат и умеат да креираат политики за подобра држава, изјави Зајкова. Билјана Аврамоска Ѓореска претседателка на Форум на жени при ЛДП појасни дека главната задача на Форумот е да ги мотивира жените проактивно да се вклучат во политиката и да се изградат како зрели политички индивидуи. -Отворено дискутираме за сите прашања  кои се од интерес за жените но и за мажите. Форумот овозможува градење на капацитетите, промоција на жените, но и поддршка на законски измени кои се во насока на подобрување на положбата и статусот на жените во општеството, вели таа. Како што информираат од Иницијативата, на конференцијата било истакнато дека либералните партии од Западен Балкан активно работат на развој на програми и стратегии насочени кон спроведување на родова еднаквост на политичката сцена.свс/вј/

Остани поврзан