• понеделник, 15 јули 2024

Кризен штаб Неготино побара дополнителна противпожарна опрема, обезбедување дрон за подобра прегледност на теренот и механизација

Кризен штаб Неготино побара дополнителна противпожарна опрема, обезбедување дрон за подобра прегледност на теренот и механизација

Неготино, 14 јули 2024 (МИА) - Кризниот штаб на Општина Неготино  побара од ДЗС дополнителна противпожарна опрема, од СВР Велес обезбедување дрон за подобра прегледност на теренот и од Македонија пат, механизација, ова е заклучокот од вечерашниот состанок на Штабот.

- Пожарот на планината  Серта е се уште активен, битката со огнот продолжува и утре. И покрај натчовечките напори вложени во гаснењето на пожарот на планината Серта од страна на сите учесници и дејствувањето од воздух и од земја, сепак пожарот не е ставен под контрола и се уште е активен, било констатирано на состанокот.

Надлежните како причина за тешкотиите при гаснењето ги навеле непристапниот терен, густата вегетација, високите температури и ветерот кој често го менува правецот. 

На вечерашниот состанок на Кризниот штаб на општина Неготино, заклучено било активностите за гаснење пожар од воздух и земја и со расположливите ресурси, да продолжат утре во раните утрински часови. свд/нд/

Фото: МИА архива

 

Фото : МИА архива 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан