• петок, 22 ноември 2024

Иницијатива против урбано дивеење: Можеме да прогласиме победа со усвојување на ДУП-от СЗ 16

Иницијатива против урбано дивеење: Можеме да прогласиме победа со усвојување на ДУП-от СЗ 16

Скопје, 17, февруари 2024

После цели шест години битка, конечно Иницијативата против урбаното дивеење може да прогласи победа!

Имено на денешната седница на Советот на општина Ѓорче Петров е усвоен ДУП-от СЗ 16 кој конечно предвидува урбанизација и многу нови зелени површини за централниот дел од општината.

Со овие проекти конечно централното подрачје во нашата општина ќе добие објекти кои се од исклучителна важност за непречено секојдневно функционирање и голем број на нови зелени површини.

Шест години нашата битка беше против насилна бетонизација на општината. Конечно имаме слух за нашите барања. 

Новите паркови и зелени површини конечно стануваат реалност.

Упатуваме искрена благодарност за соработката до Министерот за одбрана, Славјанка Петровска, Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски и Градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски.

Оваа е една убава историја за сите Ѓорчепетровци и пример како треба да се работи во интерес на граѓаните!


Иницијатива против урбаното дивеење
__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан