• понеделник, 13 мај 2024

Инзаги: Штета што предноста е само еден гол

Инзаги: Штета што предноста е само еден гол

Милано, 21 февруари 2024 (МИА) - Тренерот на Интер, Симоне Инзаги жали што победата над Атлетико Мадрид во првиот натпревар од осминафиналето на Лигата на шампионите не е изразена со повеќе голови.

- Овој натпревар ни остава добар впечаток за извонреден настап против голем противник. Жал ни е што предноста е само еден гол, бидејќи претстои интензивен натпревар во Мадрид. Задоволен сум од изданието на Арнаутовиќ, тој работи многу добро. Во овие шест месеци постигнавме многу добри резултати, но најважни се март и април. Момците треба да продолжат така. Ми се допаѓа како тренираат момците, но знаеме дека ќе има тешкотии, интензивни натпревари, замор, некои ќе се повредат. Но, ние мора да продолжиме да работиме како што работиме сега, истакна Инзаги за сајтот на УЕФА.

Реваншот ќе се игра на 13 март во Мадрид. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан