• среда, 08 мај 2024

Инзаги: Реал Сосиедад им прави проблеми на секој тим, па дури и на Барселона и Реал Мадрид во Ла Лига

Инзаги: Реал Сосиедад им прави проблеми на секој тим, па дури и на Барселона и Реал Мадрид во Ла Лига

Милано, 13 декември 2023 (МИА) - Тренерот на Интер, Симоне Инзаги искажа пофални зборови за Реал Сосиедад по вчерашниот натпревар од 6. коло во групната фаза на Лигата на шампионите (0:0).

- Имавме шанси на натпреварот, иако се соочивме со одличен тим кој притискаше навистина силно и ни отежнуваше. Реал Сосиедад прави проблеми за секој тим, па дури и Барселона и Реал Мадрид во Примера. Тешко е да им се одолее. Мислам дека тие заслужија повеќе од нас во Сан Себастијан, а денес нашиот тим заслужи малку повеќе. Се пласиравме во осминафиналето како втори. Минатата година, заземајќи го второто место во групата, стигнавме до финалето, изјави Инзаги за веб-страница на УЕФА.

Реал Сосиедад постигна 12 поени и влезе во плеј-офот од првото место во групата Д. Бенфика освои 4 бода и како третопласирана ќе игра во плејофот на Лига Европа. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан