• сабота, 27 јули 2024

Инзаги за ремито со Јувентус: Знаевме дека противникот ќе чека и ќе се брани многу длабоко

Инзаги за ремито со Јувентус: Знаевме дека противникот ќе чека и ќе се брани многу длабоко

Милано, 27 ноември 2023 (МИА) - Тренерот на Интер, Симоне Инзаги ги искажаа своите впечатоци по дербито со Јувентус во 13. коло на италијанското фудбалско првенство.

Натпреварот се одигра синоќа во Торино и заврши нерешено 1:1.

- Се подготвувавме за таков Јувентус - знаевме дека противникот ќе чека и ќе се брани многу длабоко. Денешниот натпревар беше сличен на ланскиот - тогаш загубивме, создавајќи уште повеќе шанси. Знаеме дека Јувентус добро се брани и одигравме силен натпревар против второпласираниот тим во првенството, изјави Инзаги, за „DAZN“.

Интер со 32 бода го задржа првото место на табелата во Серија А. Јувентус е втор со 30 бодови. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан