Индустриските производи на домашниот пазар во март поскапеле за 6,3 отсто на годишно ниво
- Продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар во март годинава во однос на претходниот месец останале непроменети, а во однос на март лани се зголемени за 6,3 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика (ДЗС).

Скопје, 28 април 2025 (МИА) - Продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар во март годинава во однос на претходниот месец останале непроменети, а во однос на март лани се зголемени за 6,3 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика (ДЗС).
Во март во однос на февруари цените се зголемени за 0,2 проценти во групите Интермедијарни производи и Капитални производи, а се намалени во групите Енергија за 0,2 проценти и Трајни производи за широка потрошувачка за 1,4 проценти.
ДЗС евидентира дека во март годинава во однос на март минатата година цените се зголемени во групите Енергија за 17,5 проценти, Нетрајни производи за широка потрошувачка за 4,4 проценти и Интермедијарни производи, освен енергија за 4,5 проценти.лв/са/
фото.МИА архива