• недела, 29 септември 2024

Индија: Се предаде главниот организатор на верскиот настан во кој загинаа 121 лице

Индија: Се предаде главниот организатор на верскиот настан во кој загинаа 121 лице

Њу Делхи, 6 јули 2024 (МИА) – Главниот организатор на хиндуистичкиот верски настан во северната индиска држава Утар Прадеш, во кој во стампедо загинаа 121 лице, се предаде на полицијата.

Девпракаш Мадукар беше идентификуван како главен осомничен, а пред да се предаде, полицијата понуди награда од 1.200 долари за информација што ќе доведе до негово апсење, изјави адвокатот на проповедникот Сурај Пал Синг.

Тој рече дека Мадукар бил главниот организатор на настанот на кој присуствувале околу 250.000 луѓе и дека организаторите имале дозвола да соберат само 80.000 луѓе. јт/

Фото: ЕПА

Остани поврзан