• сабота, 21 декември 2024

Подољак: Кинеско-бразилска мировна иницијатива е заснована на руски концепт

Подољак: Кинеско-бразилска мировна иницијатива е заснована на руски концепт

Киев, 29 септември 2024 (МИА) - Кинеско-бразилската иницијатива за создавање платформа „Пријатели на мирот“ во врска со војната во Украина нема да влијае на ништо, бидејќи таквите „мировни иницијативи“ се засноваат на концептот на Русија, оцени советникот на шефот на кабинетот на украинскиот претседател, Михаил Подољак.

„Тоа нема да влијае на ништо. Нема „пријатели на мирот“. Тоа се „пријатели на предавство“. Тие ги предлагаат сите оние „мировни иницијативи“ кои се базираат исклучиво на концептот на Руската Федерација, рекол Подољак, пренесува Униан.

Според него, тоа не се „мировни иницијативи“, бидејќи имаат „карактер на капитулација“. рп/

Фото: ЕПА

Остани поврзан