• сабота, 21 декември 2024

Индија изрази „длабока загриженост“ поради ескалацијата на конфликтот меѓу Израел и Иран и ги повика двете страни на воздржаност

Индија изрази „длабока загриженост“ поради ескалацијата на конфликтот меѓу Израел и Иран и ги повика двете страни на воздржаност

Њу Делхи, 2 октомври 2024 (МИА) - Индија изрази „длабока загриженост“ поради ескалацијата на конфликтот меѓу Израел и Иран и ги повика двете страни на воздржаност

Индија соопшти дека е „длабоко загрижена“ поради ескалацијата на конфликтот во Западна Азија и повика на воздржаност и заштита на цивилите додека Израел се подготвува да одговори на вчерашните ракетни напади на Иран.

„Важно е конфликтот да не добие поширока регионална димензија и бараме сите прашања да се решаваат со дијалог и дипломатија“, се вели во соопштението на индиското Министерство за надворешни работи.

Покрај тоа, Њу Делхи ги повика сите свои граѓани да се воздржат од патување во Иран, освен ако немаат убедливи причини. рп/

Остани поврзан