• среда, 23 октомври 2024

Индија е подготвена за помош за мирно решавање на конфликтот Русија-Украина

Индија е подготвена за помош за мирно решавање на конфликтот Русија-Украина

Казањ, 22 октомври 2024 (МИА) - Индискиот премиер Нарендра Моди денеска нагласи дека конфликтот меѓу Русија и Украина мора да се реши по мирен пат, а Индија е подготвена да ја пружи сета можна помош во тоа.

„Веруваме дека проблемите треба да се решат по мирен пат и целосно го поддржуваме навременото воспоставување мир и стабилност. Во сите наши напори, приоритет ни е хуманоста и подготвени сме да пружиме секаква помош во иднина“, рече Моди на средбата со рускиот претседател Владимир Путин на маргините на Самитот на БРИКС во Казањ.зш/
фото ЕПА

 

Остани поврзан