• петок, 13 јуни 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Индискиот премиер во државна посета на Саудиска Арабија

Индискиот премиер во државна посета на Саудиска Арабија

Џеда, 22 април 2025 (МИА) - Индискиот премиер Нарендра Моди пристигна во градот Џеда во Саудиска Арабија - негова трета државна посета на монархијата на Персискиот Залив богата со нафта.

-Слетав во Џеда, Саудиска Арабија, оваа посета ќе го зајакне пријателството меѓу Индија и Саудиска Арабија, изјави тој. Фотографиите кои го придружуваат неговиот пост покажаа дека Моди е пречекан од саудиските власти додека тој излегува од авионот.

Вчера, Моди се сретна со американскиот потпретседател Џеј-Ди Венс во време кога Делхи се обидува да склучи трговски договор со Соединетите држави за да избегне царина од 26 отсто за својот извоз.

-Индија придава големо значење на своите историски односи со Саудиска Арабија, кои добија стратешка длабочина и динамика во последните години, нагласи премиерот. „Заедно развивме значајно и заемно корисно партнерство“, нагласи тој.

Растечката економија на Индија во голема мера се потпира на увозот на сурова нафта за да ја задоволи растечката побарувачка за енергија. Според индиското Министерство за надворешни работи, Ријад, најголемиот светски извозник на сурова нафта, е трет по големина снабдувач на сурова нафта во Њу Делхи.

Се очекува Моди да се сретне со членовите на индиската заедница за време на неговата посета. мс/

фото: „Х“

Остани поврзан