• среда, 10 јули 2024

Имобиле: Враќањето на Лукаку во Интер ќе го подигне нивото на италијанскиот шампионат

Имобиле: Враќањето на Лукаку во Интер ќе го подигне нивото на италијанскиот шампионат
Рим, 26 јуни 2022 (МИА) - Напаѓачот на Лацио, Чиро Имобиле го коментираше можното враќање на напаѓачот на Челзи, Ромелу Лукаку во Интер. - Доколку Ромелу се врати, нивото на италијанското првенство ќе се зголеми, а јас ќе продолжам да се трудам да го покажам мојот најдобар фудбал, изјави Имоли за „Фудбал Италија“. Дваесет и деветгодишниот Лукаку кој е фудбалер на Челзи е пред враќање во Серија А. Белгиецот веќе играше за Интер од август 2019 до август 2021 година. Заедно со тимот стана шампион на Италија. зс/

Остани поврзан