• четврток, 21 ноември 2024

Илјадници протестираа во Нигер барајќи француските војници да ја напуштат земјата

Илјадници протестираа во Нигер барајќи француските војници да ја напуштат земјата

Нијамеј, 3 септември 2023 (МИА) - Неколку илјади луѓе се собраа во главниот град на Нигер, Ниамеј и градот Валам за да побараат повлекување на француските трупи од земјата, барање на воениот режим кој дојде на власт со државен удар на крајот на јули, јави АФП, пренесе Бета.

Во главниот град, протестот се одржа во близина на базата каде што се стационирани француските војници, на повик на неколку јавни организации кои се противат на француското воено присуство.

Уште еден протест се одржа во југозападниот град Валам. Истиот беше изведен пред воената база, седиштето на антиџихадистичката операција Алмау, каде што во соседството живеат нигериски и француски војници, покажаа снимките емитувани на националната телевизија.

Како одговор, францускиот претседател Емануел Макрон ја пофали работата на амбасадорот и посочи дека „новите власти, кои дојдоа на власт со државен удар, немаат право да бараат негово протерување“. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан