• понеделник, 23 декември 2024

Илон Маск порекна дека имал афера со сопругата на Сергеј Брин

Илон Маск порекна дека имал афера со сопругата на Сергеј Брин

Лос Анџелес, 25 јули 2022 (МИА) - Илон Маск ги отфрли наводите дека имал секс-афера со сопругата на долгогодишниот пријател, со-основачот на „Гугл“, Сергеј Брин, негирајќи го писанието на „Волстрит журнал“ околу врската која наводно ставила крај на бракот на Брин и наа неговото пријателство со Маск.

„Јас и Сергеј сме пријатели и синоќа бевме на забава заедно! Никол ја видов само двапати во три години - и обата со многу други луѓе околу себе. Ништо романтично“, напиша Маск на Твитер. Брин, еден од најбогатите луѓе во светот, дури и финансиски му помогнал на Маск за време на економската криза во 2008 година. Брин поднесе барање за развод од Никол Шанахан претходно оваа година, наведувајќи ги „непомирливите разлики“ како причина. Брин и Шанахан се во брак четири години и имаат ќерка. Тие се разделени од крајот на 2021 година. Шанахан бара милијарда долари од Брин, чијшто имот вреди околу 95 милијарди долари.  си/

Остани поврзан