• сабота, 16 ноември 2024

Илиевски уште две години на клупата на Пелистер

Илиевски уште две години на клупата на Пелистер
Битола, 23 мај 2022 (МИА) – Марјан Илиевски доби нов двегодишен договор од управата на кошаркарскиот клуб Пелистер од Битола. Спортскиот директор Мартин Јовановски му ја укажа довербата на тренерот за периодот 2022-2024. Тој во Илиевски гледа човек кој може да го продолжи процесот на развој на клубот. - Одамна знаеме кои се плановите и патот по кој треба да се движи нашиот клуб. Незамисливо беше тој процес да продолжи без човекот кој го изгради овој респектабилен состав кој две години е во самиот врв на македонската кошарка. Со задоволство може да објавам продолжување на договорот на тренерот Марјан Илиевски за уште две сезони, со што КК Пелистер покажа стабилност и амбициозност и во годините кои доаѓаат. Се надевам дека оваа вест ќе ги израдува вистинските љубители на кошарката и своето задоволство ќе го покажат на нашите натпревари во спортската сала „Боро Чурлевски“ во Битола, изјави Јовановски. Пелистер се пласира во полуфиналето од плејофот. Ривал на битолчани во полуфиналната фаза ќе биде Еуро Никел од Кавадарци. Во другата полуфинална пресметка ќе се сретнат скопските екипи, МЗТ Скопје Аеродром и ТФТ. зс/

Остани поврзан