• петок, 15 ноември 2024

Илиевски: Луѓе што биле во затвор, Мицкоски ги става за в.д. директори на затвори

Илиевски: Луѓе што биле во затвор, Мицкоски ги става за в.д. директори на затвори

Скопје, 27 јули 2024 

Почитувани граѓани, почитувани медиуми,

 


ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски не знаат каде тераат.


До толку немаат кадри за да ги постават по институциите што луѓе што лежеле затвор, со кривични пријави ги става за в.д. директори на затвори.

 


Со одлука на Мицкоски осуден криминалец кој лежел 4 години затвор е именуван за в.д. директор на затворот Идризово, одделение Велес!


Ибрахим Ељези е осуден и лежел 4 години затвор, од 2013 година до 2017 година во Идризово.


Кривичното дело за коешто бил осуден е за неовластено производство и пуштање во промет на дрога.


Сега истиот овој човек Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ го ствааат директор на затвор КПД Идризово, одделение Велес?


Ова не е нормално.


Па како може осуден криминалец да биде одговорен за затвор?


Но тоа не е се.


Емил Јанески, со кривична пријава за „несовесно работење„ со одлука на Мицкоски е именуван за в.д. директор на затворот во Прилеп.


Јанески во 2020 година бил директор на ЈКП „Водовод и канализација“ – Прилеп и против него МВР има поднесено кривична пријава за „несовесно работење во службата“ и штета врз буџетот од препријатието во висина од 2.3 милиони денари.


Дури и ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференција бараше Јавното обвинителство да реагира и да ги расчисти сомнежите за наводната милионската проневера од Јанески.


И сега истиот тој ВМРО-ДПМНЕ го назнаува за в.д. директор на затвор.


Надвор од паметот и секоја логика!


Ова е класична криминална кадровска политика.


За 30 дена Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ имаат секојдневни скандали, промашувања и разочарувања.


Немало досега Влада со толку лош почеток, со толку кадровски промашувања.

Прес-конференција на Методија Илиевски од СДСМ 

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ 

___________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Фото: Принтскрин

Остани поврзан