• петок, 17 мај 2024

Икс воведува аудио и видеоповици

Икс воведува аудио и видеоповици

Лос Анџелес, 25 октомври 2023 (МИА) - Социјалната мрежа Икс почна да ја воведува услугата за аудио и видеоповици. Опциите може да се најдат во делот „Поставки“ за „Директни пораки“, а новите функции може и да се исклучат.

Оваа новина во август ја најави извршната директорка Линда Јакарино, истакнувајќи дека ова е само чекор во еволуцијата на платфрмата кон тоа да стане „апликација за секого“, исто како што напомна и сопственикот Илон Маск.

Корисниците ќе имаат можност да изберат опција за одобрување повици само од одредени корисници, по избор.  си/паг/

Фото: Икс

Остани поврзан