• понеделник, 23 декември 2024

„ИКЕА“ ја повлекува играта „БЛАВИНГАД“ поради неправилносто што може да доведат до задушување

„ИКЕА“ ја повлекува играта „БЛАВИНГАД“ поради неправилносто што може да доведат до задушување

Лос Анџелес, 21 март 2023 (МИА) - „ИКЕА“ ги повикува сите купувачи кои ги имаат „БЛАВИНГАД“ рибарските (повеќебојни) играчки да престанат да ја користат и да контактираат со синџирот продавници заради целосен поврат.

„Безбедноста на купувачите е на прво место за 'ИКЕА'. Затоа преземаме мерки на претпазливост и ја повлекуваме 'БЛАВИНГАД фишинг гејм (Мултиколор)' поради можна предизвикана опасност од гушење. 'ИКЕА' ги развива своите производи со строга програма за проценка на опасности и со тестирање за да се увери дека производите ќе ги задоволат сите важечки закони и регулативи на пазарите каде што се продаваат. Сепак, дознавме дека малите нитни на оваа играчка може да се откачат, што создава потенцијална опасност од задушување, особено за малите деца. Затоа, го повлекуваме 'БЛАВИНГАД фишинг гејм (Мултиколор)',“ објави компанијата.

Детската игра може да се врати во „ИКЕА“ со целосен поврат на парите. Исто така, притоа не е неопходно да се прикачи сметка од купопродажбата, додаваат тие и им се извинуваат на купувачите за можните непријатности што може да ги предизвика повлекувањето на овој производ.  си/

Остани поврзан