Икарди среќен по трансферот во Галатасарај
- Аргентинскиот фудбалер Мауро Икарди проговори за преселбата во Галатасарај.

Истанбул, 30 јули 2023 (МИА) - Аргентинскиот фудбалер Мауро Икарди проговори за преселбата во Галатасарај.
Напаѓачот потпиша договор со клубот до летото 2027 година.
- Навистина сум среќен. Многу сум среќен што повторно ќе го носам овој дрес. Се чувствувам како дел од проектот и тимот, изјави Икарди за клупскиот сајт на тимот од Истанбул.
Триесетгодишниот Аргентинец играше за турскиот клуб како позајмен во сезоната 2022/23. На 26 натпревари постигна 23 гола и осум асистенции. зс/
Фото: ЕПА