• петок, 05 декември 2025

Изјава на Петар Мантев, кандидат за градоначалник на Неготино од СДСМ (ЕМБАРГО за објавување до 19 часот)

Изјава на Петар Мантев, кандидат за градоначалник на Неготино од СДСМ (ЕМБАРГО за објавување до 19 часот)

Мантев: Денеска ја носиме одлуката за поубаво Неготино 

Неготино, 19 октомври 2025 (МИА) - Денеска ја носиме одлуката за поубаво Неготино, рече кандидатот за градоначалник на Неготино, Петар Мантев, од редовите на СДСМ, по денешното гласање на локалните избори. 

Своето граѓанско и уставно право, тој го оствари на избирачкото место 1214 во градот. 

- Посакувам и останатите мои сограѓани да го остварат своето избирачко право, порача тој во изјава за медиумите. 

Во избирачкиот список, евидентирани се вкупно 15.902 граѓани со право на глас, на 28 избирачки места. На овие локални избори, пред неготинци се тројца кандидати за градоначалник и шест советнички листи, со кандидати за советници во Совет на Општина Неготино. свд/бд/

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан