Изјава на кандидатот за градоначалник на Тетово, Биљал Касами (ЕМБАРГО за објавување до 19 часот)
- Kандидатот за градоначалник на Општина Тетово, Биљал Касами од коалицијата ВРЕДИ денес гласаше во Гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“ и избирачкото место 1947.
Тетово, 2 ноември 2025 (МИА) – Kандидатот за градоначалник на Општина Тетово, Биљал Касами од коалицијата ВРЕДИ денес гласаше во Гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“ и избирачкото место 1947.
-Денес на овој убав ноемвриски ден го искористив моето граѓанско право за да гласам на локалните избори овде за општина Тетово, а исто така ги повикувам сите мои сограѓани да излезат и да гласаат за идниот градоначалник на општина Тетово, затоа што тоа е власт која е најблиску до нивните потреби да за реализација на проекти кои ќе ги подобрат условите за живеење на сите нас, рече Касами.
Тој ги повика и сите граѓани на Република Северна Македонија каде што се гласа за втор круг на локалните избори да излезат да гласаат.
-Да го искористат своето демократско право за да гласаат за своите градоначалници, за тие што ќе ги водат на локално ниво, затоа што локалната власт е најблиска до нивните потреби и со реализација на проектите од локалната власт. Да работиме за подобрување на нашиот живот и да побарам до крајот на овој изборен ден да заврши се како што треба. На крај ја да славиме заедно, без разлика кој ќе победи, истакна Касами.ас/вј/
Фото: Фејсбук профил Биљал Касами