Изрекување на пресудите за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски (во живо)
- Во Основниот кривичен суд Скопје ќе биде објавена пресудата за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски за кои се обвинети Љупчо Палевски, Велибор Манев, Боре Видевски, Влатко Кешишев и Александар Ѓорчевски.
Скопје, 25 јуни 2025 (МИА) – Во Основниот кривичен суд Скопје ќе биде објавена пресудата за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски за кои се обвинети Љупчо Палевски, Велибор Манев, Боре Видевски, Влатко Кешишев и Александар Ѓорчевски.
Во обвинението стои дека обвинетите заедно испланирале грабнување на 14-годишната Вања со цел да присилат член на нејзиното потесно семејство да даде пари за откуп.
Обвинетите на почетокот од процесот кој траеше нецела година изјавија дека не се чувствуваат виновни.
Фото/видео: МИА