• среда, 23 октомври 2024

АИ: Израелскиот напад врз финансиските институции во Либан треба да се истражи како воено злосторство

АИ: Израелскиот напад врз финансиските институции во Либан треба да се истражи како воено злосторство

Бејрут, 22 октомври 2024 (МИА) - Организацијата за човекови права „Амнести интернешнел“ (АИ) денеска ги критикуваше овонеделните израелски напади врз филијалите на финансиски институции, наводно поврзани со либанскиот Хезболах, оценувајќи дека овие напади „веројатно го прекршуваат меѓународното хуманитарно право“.

Амнести рече дека нападот врз Ал-Кард ал-Хасан мора да се истражи како воено злосторство, бидејќи финансиските институции се сметаат за цивилна инфраструктура на основа на законите на војната, освен ако не се користат за воени цели.

„Дури и ако, како што тврди израелската војска, институциите обезбедуваат финансирање на Хезболах, тоа веројатно не одговара на дефиницијата за воена цел, особено ако филијалите опслужуваат цивилни клиенти“, рече Ерика Гевара Росас, директорка за истражување на „Амнести Интернешнел“, за застапување, политика и кампањи.

Најмалку 14 ограноци на Ал-Кард ал-Хасан во Либан беа погодени во израелските напади ноќта меѓу неделата и понеделникот.

Израел соопшти дека таа банка била користена за финансирање напади на Хезболах и издаде предупредувања за евакуација пред воздушните напади. Многу Либанци ги чуваат своите заштеди во таа финансиска институција. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан