Израелски суд нареди прекин на генералниот штрајк во земјата
- Израелскиот суд за работни однос во Тел Авив денеска пресуди дека генералниот штрајк, што парализираше голем дел од економијата во земјата, мора да престане попладнево, јавија британските медиуми, повикувајќи се на судски документи.
Тел Авив, 2 септември 2024 (МИА) - Израелскиот суд за работни однос во Тел Авив денеска пресуди дека генералниот штрајк, што парализираше голем дел од економијата во земјата, мора да престане попладнево, јавија британските медиуми, повикувајќи се на судски документи.
На повик на најголемиот синдикат во земјата денеска во Израел почна генерален штрајк за да се изврши притисок врз премиерот Бенјамин Нетанјаху да постигне договор за прекин на огнот во Појасот Газа по смртта на шестмината заложници земени од Хамас.
Веста за нивната смрт предизвика големи протести низ целата земја.сд/
фото:ЕПА