• вторник, 14 јануари 2025

Украинската армија вели дека нападот во текот на ноќта врз Русија бил „најмасовниот“ од војната

Украинската армија вели дека нападот во текот на ноќта врз Русија бил „најмасовниот“ од војната

Киев, 14 јануари 2025 (МИА) - Украинската армија денеска соопшти дека нејзиниот бран напади во текот на ноќта на руска територија е „најмасовниот“ напад од тој вид од почетокот на војната, пред речиси три години.

-Украинските одбранбени сили го извршија најмасовниот удар врз воените објекти на окупаторот, на растојание од 200 до 1.100 километри (125-700 милји) длабоко во територијата на Руската Федерација, се вели во објавата на Генералштабот на Украина на социјалните мрежи. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан