Мекалистер: Проширувањето останува едно од најсилните геополитички алатки на ЕУ
- Претседавачот на Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент - АФЕТ, Дејвид Мекалистер денеска соопшти дека проширувањето на Европската унија повторно стана едно од најсилните надворешно-политички и геополитички алатки на ЕУ.
Брисел, 14 јануари 2025 (МИА) - Претседавачот на Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент - АФЕТ, Дејвид Мекалистер денеска соопшти дека проширувањето на Европската унија повторно стана едно од најсилните надворешно-политички и геополитички алатки на ЕУ.
-Проширувањето останува клучен двигател на долгорочната безбедност, мирот, стабилноста и просперитетот во Европа и претставува историска можност со значителни социо-економски, политички и безбедносни придобивки и за ЕУ и за земјите од проширувањето, објави Мекалистер на социјалната мрежа „Х“ по повод првата размена на мислења со еврокомесарката за проширување, Марта Кос.
Мекалистер истакна дека владеењето на правото, демократијата и основните вредности остануваат основните столбови на политиката на проширување на ЕУ.
-Природата на процесот на проширување заснована на заслуги бара посебно внимание. Земјите мора да покажат одлучност да спроведат неповратни реформи во сите области на правото на ЕУ, со посебен акцент на основните вредности, додаде тој.
Мекалистер изјави дека имплементацијата на финансиските инструменти на ЕУ, исто така, заслужува посебно внимание, бидејќи значајна поддршка се обезбедува преку различни механизми, вклучувајќи го и Планот за раст од шест милијарди евра за Западен Балкан. мс/