Израел соопшти дека убил над 20 ирански команданти
- Израелската војска соопшти дека нејзините воздушни напади врз Иран резултирале со убиство на повеќе од 20 команданти на иранската армија и Револуционерната гарда, вклучувајќи го и шефот на вооружените сили Мохамад Багери.
Ерусалим, 14 јуни 2025 (МИА) – Израелската војска соопшти дека нејзините воздушни напади врз Иран резултирале со убиство на повеќе од 20 команданти на иранската армија и Револуционерната гарда, вклучувајќи го и шефот на вооружените сили Мохамад Багери.
„Од почетокот на операцијата, елиминирани се над 20 команданти во безбедносниот апарат на иранскиот режим“, се вели во соопштението на израелската војска, во кое се наведени неколку високи команданти на Иран. ссм/
фото: архива