• понеделник, 23 декември 2024

Израел соопшти дека во Ал Шифа се убиени повеќе од 200 борци на Хамас

Израел соопшти дека во Ал Шифа се убиени повеќе од 200 борци на Хамас

Газа, 28 март 2024 (МИА) – Израелските одбранбени сили (ИДФ) соопштија дека повеќе од 200 вооружени лица биле убиени за време на операцијата против Хамас во болницата Ал-Шифа во градот Газа.

Во текот на изминатиот ден, напаѓачите на Хамас излегле од собата за итни случаи во Ал Шифа, каде што се криеле и отвориле оган врз израелските војници, тврди ИДФ, додавајќи дека неколку слични инциденти се случиле во последните денови.

За време на борбите што се во тек, армијата вели дека војниците евакуирале цивили, пациенти и медицински персонал во друг дел од болницата „кој ИДФ го подготви и го воспостави за да овозможи продолжување на соодветниот медицински третман“, пишува „Тајмс оф Израел“.

Истовремено, ИДФ тврди дека уште десетици оперативци на Хамас биле убиени за време на операциите во изминатиот ден во градот Ал-Карара во јужниот дел на Газа и во квартот Ал-Амал во Кан Јунис.

Војниците кои дејствуваа во јужниот дел на Газа, исто така, лоцирале и уништиле складишта со оружје, а во централниот дел на Појасот, ИДФ соопшти дека неколку непријателски оперативци биле убиени во текот на изминатиот ден од војниците на бригадата Нахал и во воздушни напади. јт/

Фото: МИА архива

Остани поврзан