• понеделник, 23 декември 2024

Израел се согласи да го отвори контролниот пункт Керем Шалом за проверка на хуманитарната помош

Израел се согласи да го отвори контролниот пункт Керем Шалом за проверка на хуманитарната помош

Вашингтон, 8 декември 2023 (МИА) - Израел се согласи, на барање на САД, да го отвори граничниот премин Керем Шалом само за проверка и инспекција на хуманитарната помош испорачана во Газа преку преминот Рафа, соопшти висок американски функционер.

Вашингтон со недели разговара со Израелците за можното отворање на „Керем Шалом“ за да се забрза проверката на камиони за хуманитарна помош.

Како што јави Би-Би-Си, Израел соопшти дека ќе го отвори граничниот премин Керем Шалом во следните неколку дена за да дозволи помош во Газа. Преминот е затворен по нападите на Хамас на 7 октомври.

Преминот Керем Шалом се наоѓа југоисточно од Рафа и е единствена комерцијална стоковна спојка меѓу Израел и јужна Газа. ссм/

фото: Гугл мапи

Остани поврзан