Израел нападна цели на Хезболах во јужен Либан
- Израелската војска претходно соопшти дека пресретнала три проектили насочени кон пограничниот град Метула, а нема информации за повредени или материјална штета.

Тел Авив, 22 март 2025 (МИА) - Израелската војска денеска соопшти дека извршила напади врз цели на Хезболах во јужен Либан, јави ДПА.
Соопштението, објавена на Телеграм, дојде неколку минути откако се појавија извештаи во медиумите за наредба на премиерот Бенјамин Нетанјаху и министерот за одбрана Израел Кац за напад на „десетици терористички цели“ во Либан.
- Нападите се одговор на ракетниот напад врз северен Израел извршен изутрината од правец на Либан, се вели во соопштението.
Израелската војска претходно соопшти дека пресретнала три проектили насочени кон пограничниот град Метула, а нема информации за повредени или материјална штета.
Обновеното гранатирање доаѓа и покрај прекинот на огнот меѓу Израел и Хезболах кој е во сила од ноември.
Израелските сили се „подготвени за каква било наредба“, соопшти војската, додавајќи дека дополнителни детали ќе бидат објавени наскоро.са/
Фото: МИА архива