• петок, 05 декември 2025

Израел и Германија одбележуваат 60 години дипломатски односи

Израел и Германија одбележуваат 60 години дипломатски односи

Берлин, 5 мај 2025 (МИА) - Овој месец Израел и Германија ќе ја одбележат 60-годишнината од воспоставувањето на дипломатски односи, со заемни посети на претседателите на двете земји, јави ДПА.

Израелскиот претседател Исак Херцог ќе престојува во официјална посета на Берлин на 12 мај – датумот кога пред шест децении се воспоставени првите дипломатски врски меѓу двете земји, соопшти денеска неговиот кабинет.

Херцог следниот ден ќе се врати во Израел заедно со германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер.

Во рамки на посетата, Херцог ќе има средби со идниот канцелар Фридрих Мерц и други високи владини претставници. Очекувањата се дека Мерц ќе биде официјално потврден за канцелар утре.

Претседателот на Израел ќе присуствува и на државен банкет во палатата Белви – официјалната резиденција на германскиот претседател.

Двајцата претседатели ќе го посетат и Меморијалот на Холокаустот во берлинската населба Грјуневалд, кој е подигнат во чест на околу 10.000 Евреи депортирани од тој дел на градот во концентрационите логори за време на нацистичката ера. ссм/

фото: ДПА

Остани поврзан