• четврток, 21 ноември 2024

Израел ги предупредува раселените Либанци да не се враќаат дома поради нови напади

Израел ги предупредува раселените Либанци да не се враќаат дома поради нови напади

Бејрут, 5 октомври 2024 (МИА) - Израелската војска ги повика либанските бегалци да не се враќаат во своите домови, предупредувајќи дека нападите врз селата во Либан ќе продолжат, изјави денеска портпаролот на ИДФ, пренесе ДПА.

Во објава на мрежата Х, портпаролот не прецизираше за кои села станува збор.

Од ескалацијата на непријателствата во последните недели, израелските одбранбени сили  постојано ги повикуваат жителите во одредени области на Либан да се евакуираат, честопати пред израелските воздушни напади, потсетува германската агенција.

Воената кампања на Израел во Газа, предизвикана од невидените напади на Хамас на 7 октомври, беше придружена со речиси една година прекугранични судири со Хезболах во Либан, кој дејствува во знак на солидарност со Хамас.

Конфликтот сега се прошири и во Либан, каде што израелските сили значително ја ослабнаа милицијата поддржана од Иран, наводно убивајќи голем дел од нејзиното раководство.

Ризикот од поширока регионална војна се наѕира додека Израел продолжува со нападите во Либан, додека Хезболах продолжува да лансира ракети кон Израел и во светло на неодамнешниот напад на Иран на израелска територија, пренесува ДПА.сд/

фото: МИА архива

Остани поврзан